Ангелов: ДПМНЕ да излезе од владата со ДУИ, партијата од која наводно ја бранат Македонија

by Fokus 17:21
17:21

Никола Груевски објави дека Македонија е нападната и ги повика граѓаните да излезат на улица и да ја одбранат. Според него, нападот е извршен со таканаречената Албанска платформа која наводно го загрозува македонскиот суверенитет и претставува опасност за федерализација, Стојанче Ангелов на денешната прес-конференција.

Тој ги повика ДПМНЕ да излезат од владата во која седат со ДУИ, партијата која е носител на албанската платформа од која наводно ја бранат Македонија. Ангелов ги повика и демонстрантите од „За Заедничка Македонија“ да извршат притисок врз министрите на ВМРО-ДПМНЕ кои уште коалицираат со партија која како што тие викаат сака да ја федерализира Македонија.

– Затоа ги повикуваме Никола Груевски, Емил Димитриев и сите министри да дадат неотповиклива оставка и да престанат да бидат во коалиција со тие што ја напаѓаат Република Македонија. Доколку една третина од министрите дадат оставка, тогаш Собранието треба да поведе постапка за избор на нова влада. Од лидерите на Движењето за Заедничка Македонија, Борис Дамовски и Бетмен Велит и сите што протестираат бараме да извршат притисок и да побараат од ВМРО-ДПМНЕ да ја напушти владата во која се со една од партиите која ја загрозува македонската унитарност – рече Ангелов.

Ги повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да се ослободат од стравот дека некој ќе ја федерализира Македонија, зошто тие со ваквата иста тактика со која го блокираат Собранието, како опозиција ќе бидат гарант дека нема да може да пројде ниту еден закон во Собранието, рече Ангелов.

Поврзани новости