Вучиќ победи на претседателските избори во Србија

by Fokus 21:31
21:31

Александар Вучиќ, досегашниот премиер води со огромна разлика од другите кандидати на денешните претседателски избори во Србија. Според агенцијата Ипсос, победник е Вучиќ со 56,5 отсто добиени гласови.

По него следи Саша Јанковиќ со 15,3 отсто а потоа Лука Максимовић Бели со 9,2 отсто освоени гласови. Вук Јеремиќ освоил 5,6 отсто, а Војислав Шешељ 4,5 отсто.

Поврзани новости