21
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека нема намера да се занимава со никакви други активности по напуштањето на политиката, со што јасно стави до знаење дека нема да го следи примерот на поранешниот канцелар Герхард Шредер, кој по заминувањето од функцијата прифати водечки позиции во разни компании.
Тој потенцираше дека по напуштањето на политиката ќе биде „обичен германски граѓанин“.
Канцеларот експлицитно ја исклучи можноста да постапи како Шредер.
-Тоа за мене не е опција, а не гледам зошто би било за некој друг – истакна Шолц.