Светот шокиран од тестаментот на Мандела: куќите и становите им ги остава на Латас и на брат му

by lali

Светот е шокиран. Речиси целиот свој недвижен имот, главно куќи и станови, и нешто земја, големиот Нелсон Мандела им ги остава на браќата Павловиќ, односно на новинарот д-р Латас и на неговиот брат бизнисмен. Имотот не е богзнае што, се проценува на околу три милиони евра, нешто што Павловиќи го лапаат на неколку општински тендери. Сепак, новопечените наследници велат дека повеќе од парите им значи гестот на неодамна починатиот поранешен јужноафрикански претседател и борец против апартхејтот во оваа земја.

– Денес кога опозицијата спроведува своевиден апартхејт насочен против нас неколкуте провладините новинари, гестот што го направил Мандела го сфаќаме како поддршка да истраеме во овие тешки времиња и од овие хајки против нас да излеземе посилни, побогати и понафатирани. Опозициските медиуми намерно забораваат да известат и дека освен недвижниот имот што ете ни е доделен мене и на брат ми, Мандела остава и значителна сума од своите заштеди за независната провладина асоцијација на новинари МАН, пари кои ќе ги намениме за поддршка на медиумската корупција и на владините закони за ограничување на медиумските слободи – изјави Латас за светските медиуми.

Се очекува за возврат, двајцата браќа да обезбедат речиси бесплатно осветлување на родното село на Мандела, Тембу, за само еден милион евра. Годишно. Ако тендерот го нарачаат во следниов половина час, фирмата на Павловиќ ќе одобри неколку гратис канделабри, расходовани неодамна од Општина Гази Баба, и ќе донира раткапна од џип “Audi Q7” за сиромашните во Африка.

Поврзани новости