Судот во Париз ја потврди казната на Саркози, но ќе може да носи нано опрема место да оди во затвор

by Fokus

Апелациониот суд во Франција ја отфрли жалбата на поранешниот француски претседател Никола Саркози и ја потврди затворската казна за корупција. Судот во Париз одлучи дека тој може да носи нано опрема место да оди во затвор.

Во 2021 година, Саркози беше осуден на три години затвор, од кои две беа условни, поради обид за влијание врз судија во посебен случај во 2014 година.

Овој 67-годишник е првиот поранешен француски претседател осуден на затворска казна.

Во март 2021 година, Саркози беше прогласен за виновен за обид за поткуп на судија, нудејќи му престижна работа во замена за информации за правните постапки во кои е вклучена неговата партија.

Судијата рече дека „го искористил статусот на поранешниот француски претседател“ во „особено сериозен“ чин на незаконско постапување.

Саркози, кој беше претседател од 2007 до 2012 година, одлучно ги отфрли сите наводи за време на судењето.

Обвинителството побара четири години затвор, од кои две условни, за Саркози и за уште двајца обвинети во истиот случај – поранешниот судија Жилбер Азибер и поранешниот адвокат на Саркози, Тјери Ерзог.

Политичарот „знаеше дека тоа што го прави е погрешно“, рече судијата.

Поврзани новости