Зголемен водостојот на реката Вардар кај Јегуновце, Скопје и Велес

by Fokus

Обилните врнежи од дожд го зголемија нивото на реката Вардар кај Јегуновце, кај Железнички мост Скопје и кај Велес во однос на просекот за мај, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи.

Зголемувања на водостоите се измерени и на Треска кај Македонски Брод, на Пчиња ка кај Катлановска бања, Брегалница кај Штип и на реката Струмица кај Сушево.

Пониско ниво од просекот за мај има реката Црни Дрим кај Ложани, Крива Река кај Крива Паланка и Брегалница кај Берово.

Мерењата на УХМР покажуваат дека водостојот на Дојранското Езеро, Преспанското и на Охридското Езеро е во рамки на просекот за мај.

Поврзани новости