Судиите Ивица Стефановски и Горан Бошевски ги добија новите обвинителни акти од СЈО

by fokus

Основниот суд Скопје 1 утрово информираше дека вчера во 21:40 часот СЈО му ги доставило два нови обвинителни акта и тоа КОК – ООА 27/17 поврзан со предметот во јавноста познат како „Титаник“ и обвинителен акт КОК – ООА 28/17 во кој се опфатени предметите во јавноста познати како „Таргет“ и „Тврдина“.

-Двата обвинителни акта веќе се распоредени, согласно електронскиот систем за водење предмети, на оценка кај судиите Ивица Стефановски и Горан Бошевски, а со оглед да во двата предмета до судот доставени се и предлози за определување мерки за обезбедување присуство, предметите се доделени во работа на кривичните совети кои треба да одлучат по истакантите барања, се вели во соопштението на Судот.

Од Судот додаваат дека за сите овие предмети, како и претходно, јавноста ќе биде благовремено информирана откако ќе биде донесена одлука, истата ќе биде писмено изработена и доставена до странките во постапката.

Поврзани новости