ФРОДЕМ: Ова е голема прилика судството да покаже моќ за трансформирање и реформирање

by fokus

Во врска со поднесените обвиненија од страна на СЈО, ФРОДЕМ очекува од Кривичниот суд Скопје да постапи согласно Уставот на РМ и законите, велат денеска од ФРОДЕМ.

-Во изминатите десет години Судот определи илјадници мерки притвор. Во денешното постапување Судот треба да се држи до истите критериуми како и при досегашното определување на мерката. Во спротивно, постапувањето ќе биде селективно. Ако законите не важат подеднакво за сите, тогаш како воопшто и да не важат. Доколку не се определи мерката притвор таму каде што е неопходно, а потоа се случат повторувања на кривичните дела, влијанија врз сведоци за да се попречи правдата, бегства или слична противправност, тогаш и судиите ќе бидат одговорни. Ова е голема прилика судството да покаже моќ за трансформирање и реформирање. Сакаме да веруваме дека досега партизираните и контролирани судии ке ја искористат оваа шанса за да се ослободат од стегите на политичките и другите влијанија, ке донесат исправна одлука и јавно ке им се извинат на граѓаните за нивната досегашна прислужничка работа и дејствување, се вели во соопштението на ФРОДЕМ.

Од ФРОДЕМ додаваат од понеделник па натаму новата власт мора најитно да се позанимава со корумпираните и партизирани судии кои досега судеа и за жал сеуште судат по налог на нивните партиски ментори.

Поврзани новости