Струга не е паричка за поткусурување на големите политички играчи, вели Мојсоска

by valentina 22:21
22:21

,,На денешната официцијална промоција на кандидатурата за градоначалник и советничката листа на Левица за Струга, имав чест да се обратам токму пред моите Стружани. Мојата трка за градоначалник е своевиден апел дека борбата не може однапред да биде прогласена за изгубена, дека Струга не смее да биде паричка за поткусурување меѓу големите политички играчи и дека политиките за градот не треба да се решаваат во Скопје на лидерски средби”, порача Јована Мојсоска.

-Особено ми е чест што сум единствениот кандидат од македонскиот парламентарен блок, со што Левица покажува дека има капацитет и сила да се натпреварува со големите политички субјекти.

На овие избори, Струга е дефинитивно феномен, со оглед на фактот дека и двете партии од владејачката коалиција не се охрабрија да извадат свој кандидат. Дури и постојаната негативна кампања од ДПМНЕ покажува дека Левица не е повеќе мала партија.

Мојата порака е дека секој глас е политичка одлука во каков град ќе живееме – од нашиот глас на избори зависи дали ќе продолжиме да го градиме трулиот систем или конечно ќе се одважиме за промена. Свесна сум дека овие избори ќе се одвиваат под една авторитарна власт, под силна цензура и предизборен поткуп – но, сега е времето да покажеме и докажеме дека Струга и Македонија се подготвени за промени, рече Мојсоска.

Слични вести