Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашниот митинг во Куманово ги коментираше црвените линии на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за договорот со Бугарија.
-На денешниот народен митинг во Куманово во рамките на изборната кампања за локалните избори се осврнав на политичките трикови со црвените линии на Венко кои се тројанскиот коњ, политичките трикови на СДС и Филипче нема да поминат и врз грбот на националните и државни интереси нема да дозволиме некои да градат политички кариери.
Затоа да излеземе масовно на 19 октомври и да го заокружиме бројот 9. Тоа што за нашиот Источен сосед Венко е добар, за Македонците значи само едно – ново предавство, кое ние нема да го дозволиме. Не постои цена не постои ништо коешто може да го извалка овој образ. Јас ветувам само чесна работа и дека ќе биде тешко но нема да биде срамно. Сите заедно одлучивме да го одиме тешкиот пат. Но не и срамниот пат. Националните и државни интереси нема да бидат крчма над која тие ќе ги градат своите кариери, а овој пат народот ги знае сите нивни трикови и ќе загубат дебело на овие избори!, рече Мицкоски.