Странец пронајден паднат во стан во Скопје, починал во болница

by Fokus

 Во СВР Скопје вчера во 12 часот било пријавено дека во Градската општа болница „8 Септември“ починал 42-годишниот И.Д.К. од Германија, со патна исправа на САД, со престој во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– Според пријавеното, тој бил пронајден паднат во станот во кој живеел, по што бил пренесен во болницата, каде што починал, се појаснува во соопштението.

Извршен бил увид. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција

Поврзани новости