„Стоп за Вардариште“: Ако не се реагира ќе ги прошириме блокадите

by irena 20:23
20:23

Граѓанската иницијатива Стоп за Вардариште денеска повторно се собраа кај мостот „Киро Глигоров“ и доставија нови, проширени барања до надлежните.

Брањата кои ги имаат доставено до сите релевантни институции се:

– Воспоставување на 24 часовен видое надзор на депонијата Вардариште;
-24 часовно физичко обезбедување на Вардариште;-Итно иселување и соодветно згрижување на лицата кои живеат на депонијата;
-Поставување на ограда околу Вардариште;
-Започнување процес за затворање на Вардариште;
-Откривање и казнување на потпалувачите и организаторите на пожарите;
-Ригорозни казни за они кои ќе продолжат да фрлаат отпад на Вардариште.
Граѓанската иницијатива изминативе две недели организраа протести и блокади за да укажат на сериозното загадување и труење на граѓаните од депонијата Вардариште.

За досега доставените барања немаат добиено никаков одговор од надлежните, па затоа се одлучиле освен блокадата на мостот „Близнак“ во Аеродром, ако не се исполнат барањата, да ги интензивиираат протестите и на останати места низ градот.

 

Слични вести