Со мобилен на пешачки ќе платите 40 евра, со слушалки во уши на тротинет – 50 евра

by irena 19:44
19:44

Од следната недела пешаците кои зборуваат на телефон додека се движат по пешачки премин, како и возењето тротинет со слушалки во уши ќе се казнува, односно Законот е веќе објавен во Службен весник што значи дека од 26-ти септември ќе почнат да се применуваат построги одредби за тие учесници во сообраќајот, јавува Телма.

Преминување пешачки со употреба на мобилен ќе се казнува со 40 евра, а за возачите на тротинети, трактори, мотори кои и возат и користат електронски уреди казната е 50 евра.

Казна ќе има и за трактористи и за велосипедисти доколку користат мобилни уреди или имаат слушалки во уши за време на возење. Казната за тоа е 50 евра.

Слични вести