Столтенберг: Руска победа во Украина може да го ослаби НАТО

by Фокус

Потенцијалната руска победа во конфликтот во Украина се заканува да го ослаби НАТО како сојуз, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Берлин.

Според него, победата на Русија во Украина не само што би била трагедија за Киев, туку би претставувала и ризик за НАТО, бидејќи би го направила ранлив.

-Мора да продолжиме да им го даваме на Украинците оружјето што им е потребно за да останат силни на бојното поле, за утре да бидат силни на преговарачката маса – додаде Столтенберг.

Тој изјави дека во најдобар интерес на НАТО е да продолжи да ја поддржува Украина.

-Воената поддршка за Украина треба да го приближи долгорочното и праведно решение за кризата – одговори Столтенберг на прашањето за ризиците од намалувањето на помошта за Украина додека конфликтот се одолжува.

Поврзани новости