Макрон: Израел да престане да убива бебиња и жени во Газа

by Фокус

Израел мора да престане да убива бебиња и жени во Газа, изјави за Би-би-си францускиот претседател Емануел Макрон.

Во ексклузивното интервју во елисејската палата, тој рече дека нема оправдување за бомбардирањето, велејќи дека прекинот на огнот ќе биде од корист за Израел.

-Признавајќи го правото на Израел да се заштити, ги повикувам да го прекинат бомбашкиот напад во Газа – рече Макрон, кој, исто така, истакна дека Франција јасно ги осудува и терористичките дејствија на Хамас.

Поврзани новости