Стоилковски до Царовска: Дали за дигитализацијата хрватска фирма ќе земе 120 милиони евра?

by Фокус

Нема одговор од режимот на мафијата за тоа колку ќе чини таканаречената дигитализација на образованието што го турка на сила, доакажаа дека ниеден зафат не се способни да спроведат ако зад тоа нема проценти, провизии и лукративни пориви, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

-Режимот сега тргна не само во одземање на минатото и на сегашноста, туку и на иднината. Во услови на епидемија, околу 25.000 деца не следат настава, иако основното и средното образование се законски задолжителни. Сега Мила Царовска со поддршка на мафијата на режимот тргнаа и да ги одземат учебниците на овие деца, коишто се всушност од најранливата категорија граѓани, им ја одземаат можноста за еднаков развој и напредување, можноста да ја променат својата состојба – рече Стоилковски.

Тој побара Царовска да одговори дали зад овој проект на дигитализација вреди 120 милиони евра и дали, додаде тој, овие буџетски пари треба да ги добие фирма од Хрватска?

-Царовска мора да каже дали за ваков, според сите, неразумен зафат, ќе биде потребен ангажман на бројни невладини организации, надворешни советници и соработници, избрани без познати критериуми? Овој „дрвено железо“ проект, мултимедијални содржини-аудио и видео содржини коишто би требало да можат да бидат испечатени од родителите или од училиштата, зад себе крие многу прашања, а режимот нема доблест да ги одговори – изјави Стоилковски.

Поврзани новости