Стефанова: Ќе барам притвор и за Мијалков доколку постои и најмал сомнеж за бегство

by fokus

Обвинителката Лиле Стефанова истакна дека ќе бара притвор и за останати обвинети доколку има и најмал сомнеж за бегство. Одговарајќи на новинарско прашање, дали ќе побара притвор за Сашо Мијалков, кој е осомничен и во случајот “Империја”, таа рече:

-Ќе побарам притвор за секој осомничен или обвинет доколку за тоа постои и најмал сомнеж, односно опасност од бегство, влијание врз сведоци или уништуваее на докази, рече Стефанова, додавајќи дека во Македонија нема недопирливи.

Таа додаде дека истрагата за “Империја” ќе се проширува.

Поврзани новости