Ставревски: Снимките на Заев се селективни и креирани

by Фокус 19:53
19:53

Министерот за финансии, Зоран Ставревски, вечерва свика прес конференција на која изјави дека прислушуваните разговори што ги објавува претседателот на СДСМ, Зоран Заев, имале цел да внесат раздор во владата и дека тие биле селективни и креирани, меѓутоа не објасни како биле снимките креирани.

-Заради карактерот и природата на снимките кои се стекнати и креирани и со кои се располага на незаконски начин, за нешто што ќе биде предмет на правна разрешница не би можел ништо да кажам. Можам и сакам да коментирам на поенти кои беа изнесени од Заев, за наводните тврдења за кредитот, јас можам да се сетам како се разрешија тие ситуации – потенцира Ставрески.

- Advertising -

Откако новинарите почнаа да го прашуваат министерот околу снимките, тој рече дека нема да коментира незаконски добиени снимки и дека целата работа ќе се расчисти пред суд,

Ставревски на прес конференцијата изјави дека намерно биле селектирани снимки каде што министрите не се согласувале.

-Но има снимки каде што со министрите, со премиерот се согласуваме во многу други работи. Значи се работи за намерно селектирање на овие снимки за да се покаже наводното меѓусебно несогласување. Се разбира дека понекогаш има несогласувања, дека често пати се расправаме, дискутираме, секој си ја брани својата позиција, но на крајот доаѓаме до некое заедничко решение кое потоа се спроведува – објасни Ставревски.

Ставревски ги коментираше и ставовите на Заев за состојбата на македонската економија и рече дека нема никакви услови за грчко сценарио за крах на економијата.

-Имавме втор најдобар резултат во Европа минатата година, слично и во 2013 година, странските инвестиции поради кои Македонија со реформите успеа да привлече преку 30 компании, и креирани се преку 13.000 работни места. Успеавме да ја намалиме невработеноста. Тоа се резултатите на оваа Влада за што сме имале заеднички мислења – објасни Ставревски.

Прес конференцијата на министерот за финансии доаѓа, откако денеска лидерот на опозицијата, Зоран Заев, ја објави шестата „бомба“ на прислушувани разговори на кои се најдоа разговори од министерот за финансии и внатрешни работи на кои ги коментираат состојбите во македонската економија.

 

Поврзани новости