Коцијанчиќ: Ако има прислушувани амбасадори, тогаш Македонија ја прекршила Виенската конвенција

by Фокус

Маја Коцијанчиќ, порпаролката на комесарот за проширување и соседство, денеска за телевизијата Алсат М изјави дека ако Македонија ја прислушувала дипломатската кореспонденција, тоа значи дека ги прекршила принципите на Виенската конвценција.

Коцијанчиќ изрази длабока загриженост за наводните прислушувања на разговори на странските амбасадори.

-Европската Унија изрази длабока загриженост за индикациите за масовното прислушување, од непознат извор и законитост, чија содржина треба да се испита од страна на соодветните органи, на транспарентен и независен начин. Ако дипломатската коресподенција е прислушувана, тоа е прекршување на одговорноста на земјата – домаќин, врз основа на Виенската конвенција – изјави Коцијанчиќ.

Поврзани новости