„Старата дама“ од Торино исфрлена од Европа, без настап ниту во Конференциската лига

by Fokus

Официјално соопштение од УЕФА – торински Јувентус нема да биде член на Лигата на конференцијата следната сезона.

Причина за забраната е кршење на правилата за финансиски фер-плеј.

„Старата дама“ е казнета со 20 милиони евра, од кои 10 милиони се условни, доколку прекршокот се повтори во следните три сезони.

Минатата сезона во Серија А Јувентус ја заврши како седмопласиран на табелата откако на „бјанконерите“ им беа одземени 6 бода поради финансиски прекршоци.

Учество во Лигата на конференции обезбеди следниот тим на табелата во Серија А од претходната сезона – тоа е екипата на Фиорентина.

Екипата на Јувентус во официјалното соопштение соопшти дека сепак ги смета обвинувањата на УЕФА за лажни, но дека нема да се жали на одлуката.

Поврзани новости