Стано: ЕУ не е надлежна за давање безбедносни гаранции за Украина

by Fokus

„Европската унија не може да обезбеди безбедносни гаранции за Украина бидејќи тоа не е во нејзина надлежност“.

Ова денеска го изјави портпаролот на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Петер Стано.

„Ние не сме безбедносна организација, така што дискусиите за безбедносните гаранции се дискусии за НАТО и за одделни земји, но не и за ЕУ ​​како организација“ порача Стано.

Тој додаде дека ЕУ го поддржува Киев во неколку области, вклучително и воената, што, како што рече, се рефлектира во испраќањето оружје за одбрана на Украина од руската агресија, но дека кога станува збор за безбедносните гаранции, таа може само да ги поддржи.

„Тоа им останува на земјите-членки кои можат да обезбедат таков вид гаранција“ рече Стано.

Поврзани новости