Српската полиција трага по Македонец: Пријавил дека девојката му е мртва и исчезнал!

by fokus

Саманта В. (31), мајка на две малолетни деца била пронајдена мртва во стан во Власотинце. Нејзиното момче, по кое трага српската полиција, ја пријавило смртта на младата жена синоќа во 22 часот и исчезнало.

Таа била пронајдена како лежи во локва крв на кревет, покриена со ќебе.
Според српските медиуми кои ја објавија веста, се претпоставува дека жената била почината пред неколку дена.

-По пријавата на настанот, момчето на Саманта, Македонец, исчезнал. Тој се уште не е осомничен, но полицијата го бара бидејќи мора да даде изјава – известуваат тамошните медиуми.

Инаку, починатата жена живеела со сопругот и двете деца во Долна Локошница, а пред две години ги оставила децата со него, и со момчето од Македонија се преселила во нејзиното родно место Власотинце.
Идентитетот на Македонецот по кој се трага се уште не е соопштен од српските служби.

Вики Клинчарова

Поврзани новости