Средношколка повредена откако паднал таванот во битолското медицинско училиште

by Fokus

Во средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ од Битола утринава паднал таванот во училишните тоалети и повредил ученичка. Од Општина Битола велат дека ученичката се здобила со незначителни повреди, но бараат одговорност од директорката Наташа Илиева. Од Општината посочуваат дека Илиева потврдила дека ученичка била повредена, откако градоначалникот директно ја прашал.

„Градоначалникот Коњановски, веднаш по добивањето на информацијата, формира општинска комисија со која извршија увид во училиштето, со цел констатирање на состојбата. При извршениот увид, директорката Илиева информираше дека, тоалетите пред неколку години беа реконструирани со донација, а последниве денови биле воочени проблеми на горниот кат, проследени со извесно прокапување. Комисијата изготви записник во кој ја констатира состојбата, а градоначалникот Коњановски“, соопштина од Општината.

Повредената ученичка биле однесена од родителите во битолската болница, каде се прават испитувања поради болки во раката.

Коњановски побара одговорност од директорката, како што велат од Општината, поради навремено непреземените мерки и непријавениот проблем.

„На крајот на минатата година, од страна на градоначалникот на општина Битола, беа повикани, директорите на училиштата, со цел да укажат на потребите за реконструкции и интервенции, кои ги имаат објектите. Од страна на директорката Илиева, не беше побарана интервенција од општината за објектот на средното медицинско училиште“, стои на официјалната страна на општина Битола.

Поврзани новости