Средба за помирување помеѓу синдикалната организација „Солидарност” и УЈП

by Fokus

Согласно законската регулатива денеска ќе се одржи првата работна средба во рамки на процесот на помирување помеѓу синдикалната организација „Солидарност” и Управата за јавни приходи како работодавач.

Како што информираа од синдикалната организација „Солидарност”, средбата ќе се одржи заедно со помирувачот Илија Манасиев во просториите на Управата за јавни приходи-Генерална дирекција.

Манасиев е назначен откако претходниот помирувач Лазар Јовевски се откажа поради тоа што бил во странство.

Вработените од Управата за јавни приходи од 15 јуни, секој нареден ден од 10 до 12 часот, штрајкуваат без да ги извршуваат своите обврски од работното место. Тие бараат зголемување на платите за 30 отсто, а доколку не биде исполнето нивното барање најавуваат активирање на одлуката за генерален штрајк.

Оттаму велат дека доколку не се изнајде решение и дојде до генерален штрајк, тоа нема да биде по нивна вина.

Поврзани новости