Средба на Заев и Села во четврток, премиерот му нуди замена за здравство

by fokus

Уште два дена ќе се чека до конечниот расплет на состојбата околу учеството на Алијансата во Кабинетот на Зоран Заев. Села утре се враќа од Америка, па по средбата со лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев ќе биде јасно дали Алијансата ја прифаќа понудата за размена на Министерството за здравство со Секретаријатот за спроведување на реформи или ќе ја напушти владата – пренесува „Алсат М“.

На средбата Заев-Села ќе и претходи состанокот на централното раководство на Алијансата. Од партијата на Села и натаму тврдат дека според првичниот договор, ним им припаѓаат ресорите здравство и локална самоуправа, но од СДСМ се децидни, дека нивен кадар ќе го раководи здравството.

Поврзани новости