Србите во Леповавиќ и денеска пред општинската зграда, војници на КФОР наместо бодликава жица

by fokus

Во Лепосавиќ  во Косово денеска е мирно, а Србите како и изминатите денови се собраа пред општинската зграда за да го изразат својот протест поради градоначалниците во општините на север и присуството на специјалните сили на косовската полиција.

Група луѓе деноноќно ја набљудуваат општинската зграда во која повеќе од две недели престојува новоизбраниот градоначалник Љуљзим Хетеми, јавува репортерот на Косово онлајн.

Околу зградата се распоредени војниците на италијанскиот КФОР, кои сега наместо бодликава жица формираат обрач, а зад општината има и две оклопни возила на специјалните полициски единици кои се паркирани до местото каде што може исто така влегуваат и излегуваат од општинската зграда и каде што се уште е делумно оградено со бодликава жица.

Жителите на најсеверната општина Лепосавиќ не се откажуваат од своите барања, изразувајќи го со мирни протести и настапи, спортски активности, традиционални ора и песни, кои изминатите денови ги изведуваа на местото каде што се стационирани војниците на КФОР, а од кои во изминатите денови беа разделени со бодликава жица.

Поврзани новости