Србија погодена од силно невреме

by Fokus

Силно невреме проследено со град во текот на попладневните часови ги зафати селата Јежевица, Вапа и Виљуша во околината на Чачак.

Причинета е мала материјална штета на земјоделски имоти.

„Предвидуваа невреме, но не очекувавме град баш, се замати и веднаш почна да врне, но за среќа беше мало, па не направи никаква штета, сигурно врнеше десетина минути“ – изјави за РИНА Сања Калајџиќ, жителка на Јежевица.

Невремето кое ја зафати околината на Чачак не го заобиколи ниту центарот на градот.

Силниот дожд го забави сообраќајот на главните улици во градот.

Во следните часови се очекува престанок на врнежите и постепено разведрување на времето од северозападен правец, додека за утре метеоролозите најавуваат променливо облачно и студено време со умерен и засилен северозападен ветер кој повторно ќе достигне до невреме.

Поврзани новости