Спречен обид за криумчарење хашиш на скопскиот аеродром

by irena 11:55
11:55

Царински службеници на влез во државата на Меѓународен Аеродром Скопје спречија обид за криумчарење 48,8 грама хашиш, скриен во личен багаж на гостиварец родум од Швајцарија, кој патувал со лет Цирих – Скопје.

Случајот е откриен при детална контрола и претрес на личниот багаж на патникот при што помеѓу неговите лични ствари е пронајдена вакуумирани ќеса со хашиш, кој патникот ја купил во Германија со намера да ја пренесе и неовластено да ја пушти во промет во Македонија.

Веднаш се преземени истражни дејствија од страна на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, при што патникот е лишен од слобода, а против него е поднесена кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, казниво по Кривичниот законик.

Овој случај ја нагласува будноста на Царинската управа во навремено детектирање и откривање на софистицираните методи на криумчарење.

Слични вести