Прегазен велосипедист кај струшко Враништа

by irena 12:02
12:02

Велосипедист се здоби со тешки повреди во сообраќајка со автомобил на регионалниот пат Струга – Дебар, кај селото Враништа, соопштија од СВР Охрид.

Според информацијата на МВР, вчера во 13 часот и 15 минути на регионалниот пат од Струга кон селото Враништа, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Т.А.(57) од селото Горно Татеши, струшко и велосипед управуван од Р.Ш.(65) од селото Враништа, струшко.

Во несреќата повреден е велосипедистот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.

Слични вести