Спасовски: Граѓаните да не се грижат за функционирањето на институциите!

by fokus

Новиот технички премиер на Македонија, Оливер Спасовски, од денешната прес конференција порача „граѓаните да не се грижат за функционирањето на институциите“.

Исто така, тој додаде дека владата ќе продолжи со политиките со кои нашата земја ќе продолжи да се гради.

„Услугите ќе продолжат да се реализираат. Граѓаните да не се грижат како ќе функционираат институциите. Владата ќе продолжи да ја движи Република Северна Македонија кон вистинскиот пат. Владата ќе ги продолжи политиките со кои Северна Македонија се гради како држава“, истакна Спасовски.

 

 

Поврзани новости