Советници од ВМРО-ДПМНЕ: Промената на имињата на улиците во Скопје ќе биде укината по судски пат

by Fokus

Петре Шилегов направи противзаконска промена на имињата на улиците. Согласно Законот за именување на улици, мостови и инфраструктурни проекти ваква промена не е можна шест месеци пред оддржување на избори и една година пред оддржување на попис. Со ова Шилегов брутално го прегази законот. Воедно ја наруши и процедурата на носење на измените, ниту пак е дадена согласност од општините која е неопходна согласно законот, информираат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и најавуваат иницијатива по судски пат да биде укината оваа противправна одлука на градоначалникот на Скопје.

-Воедно оваа одлука на Шилегов значи и минимум 100 евра нова давачка на компаниите чие име на адреса се менува согласно новите одлуки на Советот. Со тоа Шилегов во едни тешки услови на здравствена и економска криза наметнува нови давачки и арач за грѓаните. Ова е недозволиво насилие кое нема да помине, соопшти советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

 

Поврзани новости