Казни за 23 лица за прекршување на полицискиот час, 609 санкции за неносење маска

by Fokus

Полицискиот час од 22.00 часот (30.03.2021) до 05.00 часот (31.03.2021) го прекршиле 23 лица, додека во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 609 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи во денешното соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата.

Поврзани новости