Соученици се истепале во парк во Гази Баба – малолетници биле нападнати во Аеродром

by fokus

Две групи малолетници кои меѓу себе биле соученици се степале во парк во близина на основно училиште во Гази Баба.

-На 26.01.2024 во 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба во паркот во близина на основно училиште, по претходна расправија, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу шест малолетници од една страна и четири малолетници од друга страна, сите соученици, по што еден малолетник со тврд предмет удрил друг малолетник. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР.

Истиот ден, во СВР Скопје пак двајца татковци пријавиле дека попладнето нивните синови биле нападнати од неколку малолетници во Аеродром. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Поврзани новости