Сопругот на Мира Стојчевска унапреден во командир на Шумска полиција во Делчево

by fokus

Пратеничката Мира Стојчевска е во центарот на вниманието овие денови, по објавените информации дека неколку члена од нејзината фамилија се вработени во државни институции.

Како што пренесува „Плусинфо“, нејзиниот сопруг Илјо Стојчевски пред еден месец е унапреден во командир на Шумската полиција во Делчево.

– Заменик командир на шумската полиција од Делчево сум од моето вработување при основањето на шумската полиција. Сега имам добиено само овластување за командир оти претходниот командир даде оставка на функцијата – рече Стојчевски за „Плусинфо

 

Поврзани новости