Сообраќајна несреќа во Битола, едно лице е повредено

by Fokus

Сообраќајна несреќа се случила во Битола во која е повреден 31-годишен битолчанец, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 07,25 часот во Битола на патот А3, односно на исклучувањето кон с. Кажани, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Фиат Дукато“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.А.(31) од Битола и возило „Ауди А4“ со струшки регистарски ознаки управувано од Б.М.(27) од Струга. Во незгодата, Г.А. се здобил со тешки телесни повреди, по што е пренесен и задржан на лекување во Клиничка болница-Битола.

Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи -Битола.

Поврзани новости