Сообраќаец заврши во болница, бил претепан од млад скопјанец

by irena 10:41
10:41

Вчера во 15:10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.С.(24) од Скопје затоа што на крстосница на бул.„Никола Карев“ со ул.„Македонско – косовска бригада“ во Скопје физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, регулирање на сообраќајот за време на протест. Полицискиот службеник е пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му се констатирани телесни повреди.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични вести