Пронајдено мртво женско тело во езерцето во паркот во Струмица

by irena 10:21
10:21

Во езерцето во Градскиот парк во Струмица, синоќа било пријавено дека е пронајдено тело на почината жена.

По пријавата, на местото на настанот излегле јавен обвинител и полициски службеници, а телото на починатата било предадено на обдукција во Судска медицина.

Од МВР најавуваат дека повеќе информации за случајот ќе бидат соопштени во текот на денот.

Слични вести