Сончево и топло, со мала облачност

by Fokus

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе биде од 1 до 5 степени, а во текот на денот ќе се движи од 14 до 22 Целзиусови степени.

Во Скопје, времето денеска, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Во текот на денот температурата ќе се искачи до 20 Целзиусови степени.

На почетокот од викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Утре попладне ќе има краткотраен локален дожд и ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Темпертурата во текот на денот ќе биде од 14 до 23 Целзиусови степени.

Во Скопје, утре, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне ќе има краткотраен дожд, а ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Темпертурата ќе биде до 21 степен.

Променливо облачно со локален дожд, претежно попладне ќе биде времето и во недела. Од УХМР велат дека ќе дува и слаб до умерен ветер од западен правец, а темпертурата ќе биде до 19 Целзиусови степени.

Поврзани новости