439
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е обвинет за тајни плаќања на актерката од филмови за возрасни Сторми Дениелс, непосредно пред претседателските избори во 2016 година, објави Си-ен-ен.
Детали од обвинението сè уште не се објавени. Големата порота на Менхетен го обвини Трамп дека ѝ платил 130. 000 долари на актерката од филмови за возрасни Сторми Даниелс, која тврди дека имала афера со него додека тој бил во брак со неговата сегашна сопруга Меланија.
Доналд Трамп со ова стана првиот поранешен претседател на САД кој се соочил со кривични обвиненија, и покрај тоа што повторно ќе се кандидира за претседател.