Сончево и магловито утро, попладне дожд

by Fokus

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со утринска магла по одделни котлини. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен, а попладне долж Повардарието од северозападен правец.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне со слаба магла. Попладне и во вечерните часови ќе има повремен дожд, а ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Минималните температури ќе се движат од 0 до 8, а максималните од 11 до 20 степени.

Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето.

Поврзани новости