(Видео)Израелската армија влезе во најголемата болница во Газа: „Имавме само 30 минути“

by Fokus

Во најголемата болница во Газа, Ал Шифа се уште има неколку стотици пациенти и медицински персонал, како и неколку илјади луѓе кои побарале засолниште таму, покажуваат последните извештаи од болницата.

Д-р Мунир Ал-Бурш, генерален директор на Министерството за здравство во Газа, управувана од Хамас, во понеделникот рече дека медицинскиот персонал ја одбил наредбата на израелските одбранбени сили да се евакуираат бидејќи не сакале да ги напуштат околу 700 пациенти кои инаку би умреле.

„Проблемот не се лекарите, проблемот се пациентите. Ако ги оставиме, ќе умрат. Ако ги земеме, ќе умрат по пат. Ова е проблемот: зборуваме за 700 пациенти“, рече Ал рече Бурш.

Лекар кој работи во болницата Ал Шифа изјави за Си-Ен-Ен дека биле известени за операцијата само 30 минути пред израелските сили да влезат во комплексот денес. Израелската армија објави дека влегла во комплексот Ал Шифе и дека „врз основа на разузнавачки информации и оперативни потреби“ спроведува „прецизна и насочена операција против Хамас во одредени делови од болницата“.

Израелската армија додаде дека со своите сили има „медицински тимови и арапски говорници, специјално обучени да се подготват за оваа сложена и чувствителна средина, со цел да не им наштети на цивилите“. Портпаролот на ИДФ, Питер Лернер, изјави за Си-Ен-Ен дека болницата и комплексот се центар на Хамас за неговите операции, потенцијално дури и неговото „срце“.

Поврзани новости