Софија го собори светскиот рекорд во акробатски склекови

by Fokus

Софија Тепла (12) е девојка од Украина која неодамна го собори светскиот рекорд во акробатски склекови. Имено, таа направи дури 21 склек за само 30 секунди и така влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Сепак, ова не е нејзиниот единствен светски рекорд.

Во 2022 година, Софија забележа рекорд од 10,49 секунди кога се тркалаше дури 20 метри правејќи акробатски пози.

Таа рече дека „се надева дека ќе ги инспирира другите да не губат мотивација, дури и ако се соочат со страшни настани, како војната што се случува во нејзината земја“.

Кога започна војната во Украина, Софија мораше да престане да тренира, но набрзо продолжи да го одржува својот разум, вели таа.

– Си поставив нова цел, а тоа е да соборам уште еден светски рекорд. Се надевам дека ќе ги инспирирам и другите спортисти во мојата земја да не се откажуваат и да продолжат да ги следат своите соништа – изјави Софија.

Таа се заљубила во акробации кога имала само четири години, а се запишала во училиште за циркус кога имала седум години, пренесува Гинисовата книга на рекорди.

Поврзани новости