659
Битолската полиција информира дека во текот на вчерашниот ден, Х.Д. од Република Турција, со привремено живеалиште во Битола, пријавил дека на 23-ти септември Н.О., исто така, турски државјанин со привремен престој во Битола, ја искористил неговата невнимателност и од неговиот мобилен телефон електронски од негова сметка префрлил 11.000 евра на своја сметка.
За неовластено навлегување во компјутерски систем бил известен Јавен обвинител.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.