Функционерите на секои 6 месеци ќе мора да реферираат за направените трошоци

by Фокус

Владата денеска се обврза на отчетно, одговорно, транспарентно и чесно работење, откако членовите на Владара потпипаа етички Кодекс.

Според Кодексот, функционерите, директорите и лицата на раководни позиции во институциите именувани од Владата, на секои шест месеци ќе треба да доставуваат извештај за направените трошоци во текот на нивното работење, кои потоа ќе се објават на владината алатка за отчетност.

Кодексот исто така ги обврзува функционерите и да ги објавуваат податоците за работењето на плановите, ревизорските извештаи, завршните сметки, сипсоците на вработени.

Премиерот Зоран Заев смета дека со овој чин системски ќе се подигне свеста на оние кои извршуваат јавни функции, ќе се изгради систем на интегритет, добро владеење и управување.

Вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски, ќе биде одговорен за следење на спроведувањето на Кодексот.

Поврзани новости