Митева: До платформата за онлајн-учење нема да пристапат 40.000 ученици

by Фокус

Надлежните институции втор ден не успеаа да се справат со најголемиот предизвик да се премости дигиталниот јаз во образованието, изјави на прес-конференција Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

-Поплаките на родителите, на учениците, а и на наставниците се многубрјни. Во овој момент се поставува прашањето дали учебната година воопшто ќе започне на 1-ви oктомври? Факт е дека следните неколку недели ќе се потрошат на дополнителни обуки. Време за имплементација, време за обуки на кадар, но не и време за пренесување на знаењето на учениците. Покрај безбројните проблеми со кои се соочуват сите, за жал ќе има и ученици, близу 40 илјади, кои од различни причини нема да можат да пристапат до платформата. За непречено следење на наставата беа наведени потребни спецификации кои уредот треба да ги поседува. Дополнително, тоа извлекува близу 20 илјади денари од семeјниот буџет – вели Митева.

Таа додава дека Национална платформа претставува компилација на веќе постоечки систем, но и во таков случај не функционира.

Поврзани новости