Словенецот Жбогар од денеска е ЕУ амбасадор во Македонија

by fokus

Словенецот Самуел Жбогар е новиот претставник на Европската Унија во Македонија. Жбогар денеска го имаше првиот работен ден во Делегацијата на Европската комисија во Скопје.

Тој доаѓа на местото на естонецот Аиво Орав, кој сега ќе ја предводи мисијата на ЕУ во Црна Гора.

Словенечкиот дипломат, кој доаѓа од позицијата евроамбасадор во Косово се смета за добар познавач на ситуацијата во регионот. Во својата 22-годишна дипломатска кариера бил вклучен во сите поголеми политички проекти на словенечката надворешна политика.

Поврзани новости