Скопје во сообраќаен хаос: Приватните превозници се уште ја држат блокадата кај „Мавровка“

by Fokus

Скопје од утринава се соочува со целосен сообраќаен хаос откако утринава приватните превозници поставија блокади кај раскрсницата кај „Мавровка“.

Откако пропаднаа сите обиди за некаков компромис и договор, приватните превозници утрово излегоа на протест со нивните автобуси и ја блокираа крстосницата кај Т.Ц. „Мавровка“.

Тоа предизвика километарски колони од возила низ централното подрачје на градот и бескрајни чекање на семафорите.

Хаосот  продолжи и попладне а дополнителен метеж направи еден од автобусите кој остана во дефект сред булеварот „Борис Трајковски“ во близина на Тутунски комбинат , а патниците го напуштија возилото.

 

Највено беше дека околу 17 часот автобусите ќе се тргнат и ќе ја деблокираат оваа фрекфентна крстосница, но блокадата сеуште трае и тие засега не се тргаат од крстосницата

Поврзани новости