Скопје одбележува 54 години од катастрофалниот земјотрес

by Fokus

Скопје со повеќе активности и манифестации одбележува 54 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, во кој 1.070 луѓе го загубија животот, а 3.000 беа повредени.

Официјални делегации и претставници на институции денеска ќе положат цвеќе на Градските гробишта во Бутел, пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес. Традиционалната крводарителска акција „За Скопје со љубов. Дарувај крв – биди хуман“ ќе се спроведува од 9 до 17 часот во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“. Организатори се Црвениот крст на Град Скопје и Институтот за трансфузиона медицина.

Градоначалникот Трајановски вечер во Музејот на Град Скопје, со почеток во 20 часот ќе ги отвори изложбите „Скопје – архиТРАНСформа“: „Архибелези“ на архитектите Јасминка и Екатерина Намичеви и „Concrete мemories“, фотографии на Матијас Шуман, Дрезден, Германија.

 

Поврзани новости