Скопјанец со помош на уште едно лице си ја нападнал сопругата

by Fokus

Скопјанец со помош на уште едно лице си ја нападнал 21 – годишната сопруга во куќата на нејзините родители, по што со закана со оружје ја одвел од домот.

Како што информираат од МВР вчера во 15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода скопјанецот Д.С.(39) кој се сомничи дека  на 07.12.2022 заедно со уште едно лице физички ја нападнал својата 21-годишна сопруга.

Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава

Поврзани новости