Синот на вториот возач: Телото на татко е најдено во кабината за спиење

by Fokus

Освен Љупчо Зафиров, чие име најмногу беше споменувано по страшната автобуска несреќа во Бугарија, како втор возач на опожарениот автобус на автопатот „Струма“ е Кадрим Мемеди.

Неговиот син Бесар ексклузивно за БНТ изјави дека телото на неговиот татко било пронајдено во кабината за спиење.

Тој бил во Бугарија за да го препознае телото и се вратил дома. Мемеди имал 54 години, со над 20 години искуство. Често патувал во Германија и Турција и ги знаел рутите.

„Автобусот бил технички исправен“, вели неговиот син.

Бесар во изјавата тврди дека „Беса Транс“ има сервис и во Турција. Неговиот татко заминал во четвртокот, а во петокот веќе бил во Турција. Кадрим во петокот оттаму му се јавил на синот.

„Во автобусот не дозволувал патници со опасен багаж – ниту со пиротехнички средства, ниту гориво. Автобусите биле стари 3 години и технички исправни“, раскажал синот на починатиот возач.

Од списокот на преживеани во несреќата, според Бесар,  го нема името  на патникот Шади Науф ал Салех.

Фото: БНТ

Поврзани новости